Собранието на првите приватни гинеколози и акушери во Република Македонија, врз основа на член 41,42, од законот за здуженија и фондации на граѓани (С1. Весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010) и член 116 и 121 од Законот за здраствена заштита како и врз основа на одлуката за измена и усогласувње статут на здружението, на ден 07.04.2011 година, донесе
СТАТУТ
( пречистен текст)
На Здружениото на приватните гинеколози и акушери во Република Македонија
Член 1
Со овој статут се уредуваат целите и задачите на Здружението, начинот на нивното остварување, назив и седиштето на здружението, зачленувањето и престанокот на членството, органите на здружението и начинот на одлучување, застапувањето и претставувањето во деловните контакти со трети лица, сретства за работа на здружението, начин на известување на јавноста за работата, постапка за измена и дополнување на Статутит, престанок на здружението, располагање со имотот во случај на престанок со работа на Здружението и друго.
ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ И ДЕЈНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 2
Цел и задача на Здружението е да ги застапува, унапредува и штити професионалните и економски интереси на членовите на Здружението пред сите надлежни Републички и Општински иргани, пред лекарската комора на Р.Македонија и пред Републичкиот Фонд за здравство и тоа на следниов начин:
-Со иницијативи и предлози да ствара законски и финансиски услови за унапредување, збогатување и примена на современа медицинска техничка опременост на своите членови заради исовршување и подигање на нивото на професионална дејност.
-Да ги следи, проучува и применува прописите од областа на здравството, гинекологијата и акушерството и предлага нивна доградба заради унапредување на здравствената дејност во Репувликата.
- Да ги следи прописите од областа на финансиите, посебно од областа на кредитирањето, заради стварање на подобри услови просторни и технички.
ЧЛЕНСТВО
Член 3
Слободно и доброволно може да се зачлени во Здружението секој граѓанин-државјанин на Република Македонија, кој е лекар-гинеколог-акупер, или пак друг лекар или специјализант, или друга сродна дејност заради развивање на активностите со кои се остваруваат своите лични и заеднички професионални и деловни интереси, со тоа што ќе потпише пристапна изјава за зачленување во Здружението.
Висината на чланарината за секоја година ја утврдува Управниот одбор со Одлука. Истата се плаќа однапред за секоја година.
Чланарината е неповратна и се употребува за покривање на трошоците направени за остварување на Програмските цели и задачи на Здружението.
Член 4
Престанок на членството во Здружението со давање писмена изјава на членот до Управниот одбор на Здружението, во која ја соопштува намерата за престанок, прецизирајќи при тоа со кој рок сака да му престане членството.
Членот кој истапува од Здружението, должен е да ја измири чланарината заклучно со истапниот рок.
До престанок на членството во Здружението може да дојде и во случај кога членот не ја измирува чланарината повеќе од една година.
Член 5
Здружението е граѓанско правни лице кое е самостојно во организирањето и остварувањето на своите задачи и активности утврдени со овој Статут, а своите права и должности ги остварува во согласност со Уставот и Законот.
Работата во Здружението е јавна.
НАЗИВ И СЕДИШТЕ
Член 6
Точно име на Здружението гласи: Здружение на приватни гинеколози и акушери во Република Македонија
Седиште на Здружението е на ул.Вељко Влаховик бр 16 а-1 Скопје
Здружението има свој печат и штенбил.
Печатот е со вообичаена тркалезна форма на кој е втиснат називот Здружение на приватните гинеколози и акушери во Република Македонија, а во средина е втиснато седиштето во Скопје додека штенбилот е со вообичаен правоаголен облик на кој е втиснато место за архивски број на документ и називот на здружението.
ФОРМА НА ЗДРУЖУВАЊЕ И ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА
Член 7
Здружението е граѓанско правно лице, кое својство го стекнива со денот на запишувањето во Регистарот на и здруженија и фондации на граѓани, кој се води при УВР Скопје.
Здружението започнува со работа и редовна дејност од денот на запишувањето во регистарот.
ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
СОБРАНИЕ
Член 8
Највисок орган на здружението е Собранието кое го сочинуваат сите членови на здружението.
Собранието работи на седници кои се свикуваат по потреба, а најмалку еднаш годишно. Редовното собрание го свикува претседателот еднаш годишно.
Собранието полниважно одлучува ако на седницата присуствува најмалку една половина од членовите на Собранието, а заклучоците и одликите се донесуваат со мнозинство гласиви од присутните членови на седницата на Собранието.
Член 9
Задачи на Собранието се:
- Спроведува насоки за делување и програмска организација
- Донесува програма за работа и финансов план
- Усвојува извештај за работа и финансов извештај
- Разгледува прашања од значење на здружението, зазема ставови, донесува одлуки и заклучоци
- Донесува Статут на здружението и врши измени на постојниот
- Го утврдува начинот на финансирање на организацијата
- Донесува деловник за својата работа
- Избира Управен одбор, Надзорен одбор и претседател на Собранието
- Донесува одлуки и други акти од значење за дејноста на здружението и дава нивно толкување
- Врши други работи согласно Статутот и актите на здружението
УПРАВЕН ОДБОР
Член 10
Со здружението раководи Управен одбор кој е составен од 5 (пет) члена на лело со претседател. Функцијата претседател е почесна.
Административните работи на здружението ги води секретар која функција исто така е почесна.
Работата на управниот одбор и Собранието се регулира со посебен деловник за работа на органите особено постапката за одлучување кога е во прашање донесување одлуки.
Член 11
Управниот одбор донесува одлуки од својата надлежност на седница на Управниот одбор, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Управниот одбор.
За законитоста на работата, Управниот одбор одговара пред Собранието на членството.
Собранието на Здружението е највисок орган на управување на Здружението.
Претседателот на Собранието е и претседател на Управниот одбор на Здружението.
Член 12
Задачи на Управниот одбор се:
- Предлага програма за работа, годишен извештај, финансов план, завршна сметка и се грижи за нивна реализација
- Разгледува и завзема ставови за актуелни прашања и ја насочува нивната активност
- Ги споредува ставовите, препораките, заклучоците и одлуките на Собранието
- Остварува дејност на планот на меѓусебната соработка
- Соработува со надлежните органи на РМ
- Именува и разрешува секретар на здружението
- Утврдува и предлага материјал за седниците на Собранието
- Подготвува предлог одлуки и други акти од надлежност на Собранието/p>
- Избира претседател на Управниот одбор
- Врши други работи во согласност со овој Статут и други акти на здружението кои ќе бидат донесени
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 13
Претседателот на здружението за својата работа му одговара на Управниот одбор и Собранието.
Претседателот на здружението ги свикува седниците на Управниот одбор и со нив претседава, се грижо за спроведување на одлуките на Управниот одбор и дава предлози за решавање на одредени проблеми.
Мандатот на Претседателот на Здружението е 4 (четири) години.
По истекот на мандатот од 4 (четири) години Претседателот може повторно да биде избран ако таква согласност добие од Совранието и Управниот одбор на Здружението.
Член 14
Претседателот на здружението ги има следните права и обврски:
- го претставува дрружението во земјата и во странство
- се грижи за работата на Собранието
- ја следи и помага реализацијата на програмата на Собранието и облиците на делување
- ги свикува и претседава со седниците на Совранието и Управниот одбор
- се грижи за спроведување на ставовите, препораките, заклучоците и одлуките на Собранието и Управниот одбор
- ги потпишува актите и другите документи од надлежност на Собранието и Управниот одбор.
СЕКРЕТАР НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 15
Секретарот на здружението ги има следните права, обврски и одговорности:
- Го застапува здружението, ги следи и помага реализацијата на програмите на Собранието и Управниот одбор
- Ги спроведува актите што ги донесува Собранието и Управниот одбор
- Ја координира работата на здружението
Мандатот на секретарот трае 4 (четири) години со можност за реизбор.
НАДЗОРЕН ОДБОР
Член 16
Надзорниот одбор е орган на здружението и членовите на надзорниот одбор ги избира Собранието.
Надзорниот одбор има 3 (три) члена, а од редот на своите членови избира претседател.
Мандатот на членовите на надзорниот одбор трае 4 (четири) години.
Надзорниот одбор ги разгледува периодичните пресметки за извршување на финансискиот план и завршната сметка и врши контрола на севкупното финансиско и материјално работење како и контрола врз спроведување на одлуките, препораките и заклучоците на Собранието, Управниот одбор, претседателот на Собранието и Управниот одбор.
Доколку утврди одредени неправилности со спроведувањето на одлуките и другите акти на здружението има право и обврска да поднесе извештај на Собранието.
Надзорниот одбор за својата работа одговара на Собранието.
Член 17
Претседателот на надзорниот одбор ги свикува седниците на одборот и со нив председава, ги спроведува одлуките, препораките и заклучоците на надзорниот одбор.
Претседателот на надзорниот одбор присуствува на седниците на Собранието, Упрвниот одбор, а покрај него присуствуваат и членовите на надзорниот одбор.
Мандатот на претседателот на надзорниот одбор трае 4 (четири) години со можност за реизбор.
Член 18
Здружението одговара за превземените обврски со средствата со кои располага во согласност со природата и намената на тие средства.
ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ
Член 19
Претставувањето и застапувањето на Здружението во деловните односи со трети лица ги обавува Претседателот и секретарот на Здружението.
СОРАБОТКА
Член 20
Здружението може да се здружува во Сојузи и други облици на здружување на ниво на Република, заради заедничко унапредување на својата работа и активност, за усогласување на посебните и заедничките интереси во областа на здравството, гинекологијата и акушерството како и за други прашања што се од заеднички интерес.
Здружението може да соработува и да се зачленува во меѓународни организации и здруженија ако здружувањето не е спротивно на интересот на Репубилка Македонија.
ИНФОРМИРАЊЕ
Член 21
Информирањето за активностите се врши преку средствата за јавно информирање и сопствени публикации.
Здружувањето ќе издава сопствени публикации (билтени,соопштенија и др).
ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ
Член 22
Здружението остварува средства од:
- чланарина
- програмски активности од областа на здравствената заштита
- подароци и завештанија
- донаторство по сите основи
Член 23
Управниот одбор на Здружението одговара за законитоста на работењето на Здружението во врска со користењето и располагање на средствата.
Членовите на здружението остваруваат контрола на стекнувањето, користењето и располагањето на сретствата на Здружението.
Органите на Здружението се должни на барање на лкенот на Здружението да му овозможат увид во користење на сретствата.
ИМОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 24
Здружението располага и управува со сиот подвижен и неподвижен имот кој ќе биде евидентиран како податок, завештание, донаторство по сите основи, програмски активности од областа на здравствената заштита.
Начинот на располагање и управување со имотот на здружението ќе биде утврден со посебен правилник.
Одлука за отуѓување на недвижен-подвижем имот на здружението донесува Собранието.
Имотот е во функција на програмските цели и задачи на здружението.
Во случај на престанок на Здружението, целокупниот имот кој останува по намирувањето на обврските на Здружението се распоредува на членовите во согласност со Одлуката што за тој слуќај ќе ја донесе Собранието.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 25
Здружението престанива со својата работа ако:
- за тоа одлучат членовите
- бројот на членови се намали под бројот определен за оснивање
- ако активноста на здружението се користи за уривање на уставниот поредок на РМ, загрозување на независноста на земјата, кршење на слободите и правата на човекот и граѓанинот загарантирани со Уставот, загрозување на мирот и рамноправноста и меѓународната соработка, разгорување на националната или верска омраза и нетрпеливост, поттикнување на вршење кривични дела, навредување на јавниот морал
- се утврди дека здружението престанало со работа.
Член 26
Овој Статут се смета за донесен кога за него по пат на референдум гласале и го усвоиле мнозинството од вкупниот број на членови на Здружението.
Измените и дополнивањата на Статутот се вршат во иста постапка како и при негово донесување.
Скопје, 07.04.2011
Претседател на Здружението
Др Глигор Ложанковски