За да можете да ги „видите “
сите документи на овој портал, инсталирајте ја најновата верзија на Adobe reader
|
|
|
|
|
|
|
Наслов: |
ВОЗРАСНА ГРУПА И ФАКТУРА ЗА ПАП-ТЕСТ ПО ПРОГРАМА НА МЗ |
|
|
Содржина: |
Почитувани колешки/колеги,
Овогодишната програма на МЗ за бесплатен ПАП-тест ги опфаќа жените родени од 1974-1983 година, поточно од 36-45 годишна возраст.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА ОВОГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА МЗ:
1) Оваа година не се опфатени и жените кои не го искористиле тоа право во минатата година, поточно, ниедна друга возрасна група.
2) На денот на земањето на тестот жената не смее да биде ни ден помлада од 36 години ниту ден постара од 45 години.
Ова ќе го имате во предвид на денот на земањето на брисот, споредувајки со нејзиниот датум на раѓање.
3) На денот на земањето на тестот пациентката мора да има здравствено осигурување (приложете копија од осигурувањето од ФЗОМ, заедно со упатот).
4) Само за овие тестови можете да ставите ознака на упатот ПП (по програма).
5) За тестовите кои нема да бидат по горенаведените критериуми, партиципацијата од 60 денари ќе биде фактурирана на матичниот гинеколог.
Ова упатство можете да го испринтате и да го ставите на видно место, за да нема реакции од пациентките.
Во прилог ја имате и фактурата за 2019-та година и јасно упатство за нејзино изготвување, кои ги добив од Сања Саздовска вчера (01.02.2019).
Поздрав,
Др. Д. Филиповски
|
|
|
Објавил: |
Д-р Душко Филиповски, ЗПГАМ, |
Датум на објава: |
02.02.2019 |
Активна: |
активна информација |
Важи до: |
31.12.2024 |
|
|
|
- |
|
|
|
|
|
|
|
|
|